''CROCHET HAT''
‘CROCHET HAT’ - дали ова ќе биде новиот најприсутен моден тренд за ова лето!?
Хеклањето се враќа на голема врата оваа сезона. Хекланите ташни веќе ни се познати и доста присутни скоро во сечиј гардеробер, но модниот додаток што ќе ја одбележи оваа сезона е хекланата капа која со себе го носи вајбот на 2000-те.
Лесна е за комбинација во различни прилики, од дневни и плажа изгледи, па се до вечерни клубски забави и журки.
Дали вие веќе ја набавивте?












