Џон Галијано се враќа на модната сцена!

Мода во светот · 5 мин

По неколку сезони пауза, модниот виртуоз Галијано се враќа на модната сцена како креативен соработник на @zara со кој потпишал две годишна соработка. За љубителите на Зара ова ќе биде извонредна прилика да носат креации од фантастичниот дизајнер. Ова е негов паметен бизнис потег, да биде поблиску до обичната публика, откако доживеа моден линч после скандалот со антисемитскиот коментар, токму во моментите кога го живееше својот зенит како креативен директор на Диор. Долг период после тоа полека успеа да се врати на врвот како креативен директор на Мезон Марџела, но и таа приказна заврши во 2024та. Маестрален во својата работа, продавајќи сонови и модна магија на своите клиенти, конечно и обичните луѓе ќе можат да конзумираат модна уметност создадена токму од неповторливиот Џон Галијано.

Фото кредит: @szilvesztermako

Џон Галијано се враќа на модната сцена!
Џон Галијано се враќа на модната сцена!