Мартинка како моден додаток!
Мартинка како моден додаток!
Едно од нештата што го прави Балканот уникатен и препознатлив е традицијата да се носат мартинки на рака. Една, две, три… колку што ќе собереш како подарок на 1ви март.
Традиција која се провлекува уште од античко време. Според некои историчари мартинката се поврзува со античките свешенички во Грција кои на првиот ден од првиот месец на пролетта ставеле белезици од црвен и бел ( црвениот конец значи страст, а белиот чистина, духовна и телесна) Рачно ги плетеле на последниот ден од февруари и ги врзувале на зглобовите од десната рака и десната нога за заштита од злите духови и среќа носејќи ги така до крајот на месецот.. Да не го заборавиме фактот дека во минатото март бил и првиот месец во годината и на ваков начин луѓето го славеле новиот почеток, будењето на природата, верувајќи дека ќе бидат заштитени во текот на целата година и дека ќе ги прати среќа.
Векови подоцна верувањата и обичаите останале исти со мали варијации во зависност од регионот. Сеуште, најчесто девојчињата последниот ден од февруари го поминуваат во плетење мартинки кои ќе ги подарат за среќа на своите другарки и другари и ќе ги носат се додека за прв пат таа пролет не видат штрк, или во некои региони верувањето е да не се вади додека не се види првото расцветано дрво. Тогаш мартинката се вади и се врзува на овошно дрво со цел да биде плодно, а при врзувањето се замислува желба.
Во денешно време луѓето од Балканот ( Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Романија) мартинките ги модернизираа и ги направија модни додатоци украсувајќи ги до различни декоративни елементи. Традиција која се пренесува од колено на колено, од баба на внука, од мајка на ќерка и која ќе трае уште долго. Мартинките денес претставуваат една мала искра надеж за подобро и посреќно утре и уште долго ќе изнудуваат насмевки на лицата на многумина.
Дали Вие носите мартинки?



