"Модата е уметност" - темата на овогодинешната Мет Гала
Се што треба да знаете за Мет Гала!
Што е Мет Гала?
Мет Гала е добротворен настан и собирање средства за Институтот за костими при Музејот на уметностите на Метрополитен. Традиционално се одржува за време на отворањето на пролетната модна изложба на одделот. Година по година, настанот собира шестцифрени суми, но во 2025 година, претставниците на музејот пријавија најголема бруто заработка во 77-годишната историја на ѕвездениот настан: околу 31 милион долари.
Кога се одржува Мет Гала?
Мет Гала се одржува секој прв понеделник од месец мај. Оваа година датумот беше 6-ти мај и на „црвениот тепих“ продефилираа неколку десетици ѕвезди од А-листата. Секоја година се одредува тема на која се изработуваат носиви уметнички дела од фустани и облека.
Која е темата на Мет Гала 2026?
Во понеделник, 17 ноември 2025 година, Музејот на уметност Метрополитен ја објави пролетната изложба на Институтот за костими за 2026 година „Уметност на костумот“. Изложбата ќе ја заземе новата галерија Конде Наст во Мет, со површина од речиси 12.000 квадратни метри – ќе разгледува прикази на облеченото тело од сите кураторски оддели на Мет, комбинирајќи облека со уметнички предмети кои опфаќаат околу 5.000 години.
Предметите во „Костимографија“ се поделени во серија тематски типови на тела, почнувајќи од „Природно тело“, „Класично тело“ – и двете се добро претставени во музејската колекција – до оние како „Екстремно тело“ и „Стратегиско тело“ кои почесто биле занемарувани.
И како што напоменаа водителите неколку пати во текот на церемонијата, оваа Мет Гала е во знак на прославување на телото и прифаќање на самите себе такви какви што сме.
Која е процедурата да бидеш гостин на Мет Гала?
Правилата за присуство на оваа фамозна вечер се премногу строги. Добивањето на покана за Мет Гала е исто како да добиеш лотарија, но наместо да ти дадат пари – ти си тој што плаќа. Влезниците се движат и до 100.000 долари, но не е потребно само да имаш пари – напротив, за да присуствуваш на овој настан треба лично да те одобри Ана Винтур.
Винтур таа лично ги прави финалните листи на гости и лично го прави распоредот на седење на гостите, со тоа што сопружниците никогаш не седат заедно, а основната цел е вмрежување на гостите и конекции.
Ако добиеш покана и ја одбиеш, во тој случај те бришат од листата на гости засекогаш.
Модните куќи одлучуваат кои ѕвезди ќе седат на нивните маси и имаат право да поканат свои гости кои исто така мора да бидат одобрени од Ана Винтур.
Оваа година спонзори на настанот беа Џеф Безос и неговата сопруга.










