Зошто македонците не знаат да се облечат за настани!?

МК Мода · 5 мин

Зошто македонците не знаат да се облечат за настани!?

Често пати се запрашуваме зошто македонската естрада (со чест на исклучоци) не знае да се облече за било каков настан.

Помина и овогодишното издание на „Златна Бубамара на популарноста“, а ние останавме без зборови од ‘не-стилот’ што беше прикажан од страна на учесниците и добитниците на награди!

„Златна Бубамара на популарноста“ е единствениот ваков настан во нашата држава и слободно може да го насловиме како Македонските Оскари, но она што видовме на сцена беше сè освен оскаровски изглед.

На сцената видовме ликови – уметници, виртуози дотерани за дневно кафе со пријателите! Па повеќе мода и добри изгледи гледаме на денска предновогодишна забава отколку на настан на кој се доделуваат значајни награди.

Со години наназад Ранко Бубамара на настанот носи смокинг, нели тоа не Ви е некаков показател за тоа како треба гостите – учесници да го испочитуваат настанот.

Според нас ова е крајна непочит кон организаторите кои ја следеле Вашата кариера, потрошиле време и пари за анализи, статуетки, оддвоиле минутажа да Ви дадат простор за промоција и настап на манифестацијата и на крај Вие се појавувате во тоа што прво Ви се фатило од гардероберот под изговор дека тоа е Вашиот стил. Тој изговор под итно треба да се заборави!

Иако можеби манифестацијата не Ви наложила одреден дрес код, можеби поради просторот каде се одржува, можеби поради времетраењето на настанот, но тоа не значи дека Вие не треба да го испочитувате настанот, за кој повторно ќе кажеме дека е најголем од ваков тип во нашата земја.

Како после ова да зборуваме за модната сцена кај нас кога Вие кои треба да бидете пример на публиката не ја конзумирате модата и воопшто не се советувате со нашите талентирани модни дизајнери, модни стилисти.

Но како и во секоја приказна така и во оваа, во сè лошо мора да постои и нешто добро. Најдобро облечени ќе ги издвоиме водителите, сите тројца. За разлика од минатата година, оваа се покажаа во многу подобро издание. Можеби и во тие изгледи има сè уште за работа, но за поздрав е промената и напредокот.

Оваа година мажите се покажаа подобри во гардеробата за разлика од жените.

Ова е нашиот избор за најдобро облечени: